Bugatti слави 110 години постоење со ексклузивниот Chiron Sport 110 Ans Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti слави 110 години постоење со ексклузивниот Chiron Sport 110 Ans Edition

Bugatti (треба ли воопшто претставување?) слави 110 години од своето постоење! Турбулентното минато на овој ексклузивен француски производител веќе одамна делува… Далечно минато.

Во 1998 година Bugatti стана дел од Volkswagen Group и од тогаш па наваму бележи незапирлив раст на интерес преку уникатни технолошки иновации во автомобилската индустрија.

110-тиот роденден го одбележува со специјална, лимитирана изведба на Bugatti Chiron Sport, купе моделот на Chiron. Од „стандардниот“ модел, Chiron „110 Ans“ се издвојува преку мат-металик-сина боја низ која се гледа плетката на карбонските површини, како и грст детали во боите на француското знаме. Највпечатлив „триколори“ детаљ е долната страна на подвижниот заден спојлер – иако сме навикнати на елегантни, префинети Chiron-и, и овој модел делува доста интересно.

Ентериeрот ја следи надворешната тематика: темно сина кожа каде и да погледнете, светло сини сигурносни појаси и рабови на седиштата, како и „триколори“ детали по средишниот дел на седиштата. Финалните финеси кои ве потсетуваат дека возите нешто уште поспецијално од само „обичен“ Chiron се „110 Ans“ емблеми на седиштата, заедно со сребрен медалјон поставен на карбонска основа кој според Bugatti, претставува „доказ за највисокото ниво на перфекционистичка мајсторија“.

Ќе постојат само 20 вакви Chiron-и, сите со стаклен панорамски покрив, а големи се шансите еден од овие примероци да видиме и на авто-саемот во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.