full screen background image
Search

Mercedes-AMG инвазија во Скопје!

Денес имавме несекојдневна можност одблиску да погледнеме три различни Mercedes-AMG модели – C63 Coupe, E63 S и новиот Mercedes-AMG GT 63!

Ајде една брза математика – Mercedes-AMG C63 Coupe има 476 коњски сили. Големиот Mercedes-AMG E63S има 612 коњски сили, и несекојдневниот Mercedes-AMG GT 63 има 585 коњски сили. Тоа се вкупно 1673 коњски сили. Добар тим, нели?

Оваа ергела доаѓа од Германија – поточно од Affalterbach, домот на AMG. Сите три автомобили го користат 4-литарскиот твин-турбо V8 кој во зависност од моделот е „навиен“ да испорачува различен број коњски сили. Сите автомобили тука постигнуваат 100 километри на час за „нешто ситно“ над 3 секунди – и сите имаат максимална брзина која е електронски ограничена на 250 километри на час. Без тој лимит, сите можат лесно да „допрат“ 300 километри на час.

Навистина нема потреба ниту ние повеќе да пишуваме, ниту вие да читате… Уживајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.