full screen background image
Search

Ferrari 812 Superfast добива аеро пакет од Novitec

Novitec е едно од најегзотичните имиња во тјунинг светот – германците се фокусираат на Ferrari и речиси секогаш додаваат на убавината и перформансите на веќе убавите сериски модели на италијанскиот производител.

Овој пат, Novitec се погрижи Ferrari 812 Superfast да изгледа поагресивно, но и полесно да го „сече“ воздухот со серија карбонски каросериски додатоци тестирани во аеродинамичен тунел. Карбонски преден и заден сплитер, карбонски заден мини-спојлер, карбонски прагови како и редизајнирани ретровизори се дел од козметичкиот пакет.

Од измени под „кожата“, Novitec додава пружини кои 812 Superfast го симнуваат 35 милиметри пониско до подлогата, комбинирани со систем за подигнување на предницата кој помага да не го гребете вашиот нов карбонски сплитер на „легнати полицајци“. Дополнителни измени во изгледот нудат и Vossen тркалата со дијаметар од 21 инч напред, и 22 инчи позади.

Доколку имате желба, Novitec нуди и низа козметички измени и за ентериерот – тука само вашата имагинација е ограничувачки фактор, бидејќи можностите се речиси бесконечни.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.