full screen background image
Search

Прв фејслифт за „новото“ Renault Twingo

Последната генерација на Renault Twingo беше претставена во 2014-та година и до денес не претрпи речиси никакви измени – дури ни суптилни. Пред само неколку дена, Renault го промени тоа – ги затегна линиите на малиот Twingo со цел да остане атрактивна опција за купувачите на малите градски возила.

Промените на екстериерот се навистина дискретни – благо редизајнирани браници, редизајнирани LED фарови и задни светла, рачка за отварање на багажниот простор, како и повеќе опции за избор на бои е се што ќе го издвојува освеженото Twingo од „старата“ верзија.

Впечатливи промени се забележуваат во внатрешноста – нова централна конзола со повеќе USB приклучоци, 3.5mm аудио приклучок и избор помеѓу два типови на системи за навигација се дел од новитетите. Нова е и рачката на менувачот, а новитет е и што во сериска опрема влегува и остава за ситници што се отвара на преклоп. До сега, на некои од помалку опремените модели оставата за ситници беше само отвор во централната конзола.

Од Renault велат дека новите можности за персонализација на спецификацијата овозможуваат стотици различни комбинации – што би значело дека ретко ќе може да се начекаат две идентични возила низ градските улици. Ние имавме можност да го возиме новото Twingo кога беше лансирано пред неколку години – прочитајте го нашиот тест.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.