Хибридниот Toyota Prius со AWD-i погон на сите четири тркала пристигна и во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибридниот Toyota Prius со AWD-i погон на сите четири тркала пристигна и во Европа

Европските купувачи на Toyota сега ќе можат да одберат и погон на сите четири тркала кога ќе го одбираат својот нов Prius.

Со освежувањето на Prius, Toyota му даде на несекојдневниот хибрид малку… Посекојдневен лик, со цел да ја намали контраверзноста на типично-јапонскиот дизајн. Ние ќе се согласиме со дизајнерите на Toyota и ќе кажеме дека освежениот Prius сега изгледа значително попривлечно.

Сепак, она што е поинтересно е новиот AWD-i систем за погон на сите четири тркала. Системот всушност користи електромотор поставен на задната оска за да го подобри држењето на патот. Системот се активира автоматски при брзини до 10 километри на час, а останува „буден“ до 70 километри на час. Инаку, хибридниот погон останува ист – 1.8-литарски атмосферски бензинец и електромотор (истиот погон кој го користи нашиот долгорочен C-HR). Дополнително, пазарите кои имаат поекстремни зими ќе добијат и новодизајнирана NiMH батерија која е попогодна за таквите клими.

Меѓу другото, кабината добива редизајнирана централна конзола, нови седишта и нови материјали со кои тие можат да бидат обложени. Дел од освежувањето е и Touch2 инфо-забавниот систем кој сега има попривлечен интерфејс и користи 7-инчен дисплеј. Секако, Prius стандардно го добива Toyota Safety Sense пакетот кој вклучува систем за предупредување пред незгода (кој препознава и пешаци), интелигентен адаптивен темпомат, систем за предупредување при напуштање на коловозната лента, препознавање сообраќајни знаци, автоматски долги светла и многу повеќе…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.