„Уловен“ новиот Volkswagen Golf! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

„Уловен“ новиот Volkswagen Golf!

Volkswagen веќе најави дека производството на новиот Golf ќе започне во Јуни оваа година, но веќе е уловен пред-продукциски примерок со многу малку камуфлажа на него.

Овој примерок го улови корисникот johannes.vag и го објави на интернет. Од она кое можеме да го видиме, новиот Golf го има истиот, очекуван еволутивен пристап кон дизајнот.

Инаку, новиот Golf ќе биде поставен на најновата итерација на MQB платформата, која ја носи ознаката MQB Evo. Покрај тоа што ќе има подолго меѓуоскино растојание од сегашниот Golf, се очекува да биде околу 45 килограми полесен.

На самиот старт во понудата ќе се најдат очекуваните TSI турбо-бензински и TDI турбодизел мотори, а понатаму ќе добиеме и плаг-ин хибридна верзија, како и нова генерација на електричниот e-Golf.

Останува само да почекаме до саемот на автомобили во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.