Фабриката на Peugeot во Mulhouse го произведе милионитиот 2008! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фабриката на Peugeot во Mulhouse го произведе милионитиот 2008!

Шест години по лансирање на Peugeot 2008, францускиот производител во својата фабрика во Mulhouse го произведе милионитиот примерок на популарниот кросовер.

Компактниот Peugeot 2008 се произведува на три локации ширум светот – во Европа, Кина и во Јужна Америка. Сепак, неговата приказна започна во 2013 во Mulhouse, и токму таму е произведен милионитиот примерок на популарниот кросовер. Французите се горди дека од самиот почеток 2008 ја носи ознаката „Origine France Garantie“, бидејќи дури 62% од компонентите се произведени во Франција.

Инаку, 2008 е навистина популарен – за овие шест години се произведени повеќе од 1.210.250 примероци ширум светот. Понатаму, 2008 е рангиран меѓу првите три најпродавани модели во B-SUV сегментот во 30 европски земји и продолжува да биде успешен.

Фабриката на PSA во Mulhouse секој ден произведува по дури 780 примероци на 2008, а само во 2018-тата година се произведени 193.000 примероци. Главниот извршен директор на Peugeot, Jean-Philippe Imparato и ги предаде клучевите на госпоѓа Jung, која е новиот сопственик на овој јубилеен автомобил.

Ние го возевме Peugeot 2008 уште кога пристигна на пазарот, а го возевме и по неговото освежување. Прочитајте ги нашите тестови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.