Утринска Гимнастика: Погледнете како се тестираат новите 3D-печатени титаниумски сопирачки на Bugatti Chiron – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Погледнете како се тестираат новите 3D-печатени титаниумски сопирачки на Bugatti Chiron

Bugatti оди чекор понатаму – тие ја направија најголемата 3D-испечатена компонента од титаниум – нови клешти за сопирачките на Chiron.

Новиот титаниумски дел тежи само 2.9 килограми – и е дури 40% полесен од клештите кои се користат во моментов во Chiron. Клештата има 8 клипови и има дијаметар од 16 инчи, и може да издржи притисок од дури 125 килограми на квадратен милиметар. За производство на оваа клешта се користени четири 400-ватни ласери кои работеле 45 часа и поставиле 2213 слоеви титаниумски прав, кој потоа се обработува за да стане целосна компонента.

Bugatti ја посвети оваа година на развој на новите клешти за сопирачките на Veyron, и сега за прв пат можеме да видиме како титаниумскиот дел се тестира. Бидејќи Chiron е еден од најбрзите и најмоќните автомобили на планетата, секоја компонента мора темелно и внимателно да биде тестирана – Chiron може да надмине брзини од 400 километри на час. Bugatti го монтираше новиот дел на машина која симулира сопирање од 375 километри на час – и погледнете како сето тоа изгледа!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.