full screen background image
Search

Доделен Honda Civic во наградната игра на Макпетрол!

Заврши наградната игра на Макпетрол, „ВЕРНА повторно наградува“ која започна на 1-ви март, а траеше до 10-ти декември оваа година – денес беше доделена главната награда, новиот Honda Civic!

Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од финалното мастер коло, како и од четвртото мастер коло. На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

„Како компанија секогаш свртена кон потребите и желбите на своите потрошувачи, долго време посветивме да ја создадеме и да ја отпочнеме ВЕРНА програмата за лојалност. По три години од отпочнувањето на ВЕРНА програмата нашиот труд е награден на најубав начин – ВЕРНА картичката стана неодминлива алатка за секојдневно функционирање на нашите верни потрошувачи. Со желба да обезбедиме дополнителни погодности и предности за своите лојални потрошувачи и членови на ВЕРНА програмата за лојалност, и оваа година, трет пат по ред, воведовме наградна игра и воспоставивме една убава традиција со нашите верни потрошувачи“ – истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.

Од Макпетрол се пофалија дека оваа година во наградната игра учествувале преку 1.600.000 трансакции, и според нив тоа јасно покажува дека потрошувачите го препознаваат квалитетот на услугите и им ја дале довербата да бидат нивни прв избор. Денес беа доделени уште три награди – лаптоп DELL, кој го доби Биљана Мановска, скутер Honda кој го доби Ајла Река, и главната награда – Honda Civic – кој отиде во рацете на Коста Митревски.

Од Макпетрол им честитаа на добитниците на наградите, и најавија дека наградната игра – уште поголема и побогата – ќе продолжи и следната година. Им честитаме и ние!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.