full screen background image
Search

Peugeot ја заокружува годината со грст нови награди

Peugeot освои неколку нови награди – признанија добија 508 и концептот E-LEGEND, но и Sea Drive концептот и eF01 електричниот велосипед.

Францускиот бренд ја завршува успешната година со грст признанија за своите модели, но и концепти. Првото признание доаѓа од COYOTE Automobile Awards, кое отиде кај новиот Peugeot 508 (кој ние веќе го возевме оваа година на интернационалното претставување во Монако). Peugeot 508 е прогласен за Coyote Car of the Year, a интересна награда доби и одличниот концепт E-LEGEND, кој беше прогласен за Concept Car of the Year.

Понатаму, концептот „Sea Drive“ дизајниран од Peugeot Design Lab & Beneteau ја доби наградата наречена JANUS Prospective од Францускиот институт за дизајн на церемонијата која се одржа на 17-ти Декември во Quai d’Orsay во Париз. Наградата е добиена за извонреден изглед и ергономичност како и Ship Control® технологијата развиена од Beneteau.

Конечно, несекојдневниот PEUGEOT eF01 електричниот велосипед ја освои наградата JANUS Industry доделена од Францускиот институт за дизајн. Наградата е доделена за мобилност, за неговиот брз и едноставен механизам за преклопување и неговиот Last Mile концепт за мобилност.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.