full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche ги претстави 718 Boxster T и 718 Cayman T

Слично како 911 Carrera T, 718 Boxster и Cayman T се наменети за оние кои сакаат почисто, похардкор возачко искуство.

911 Carrera T полн погодок меѓу ентузијастите – back to basics пристапот кој Porsche го примени кај 911 Carrera T се покажа како вистинска одлука, па токму затоа сега презентираат и Т-верзии на помалите 718 Boxster и Cayman.

Задолжен за придвижување на 718 Boxster T и Cayman T е помалиот мотор во гамата – 2-литарскиот турбо-боксер кој испорачува 300 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Но немојте во ниту еден момент да помислите дека ова е спор автомобил – одберете мануелен менувач и „стотче“ пристигнува за само 5.1 секунда, односно 4.9 секунди со PDK, ооодносно 4.7 секунди со Sport Chrono пакетот. А Sport Chrono пакетот е вклучен стандардно во цената! Максималната брзина е „само“ 275 километри на час. Ќе се преживее некако.

Но 718 T моделите стандардно добиваат и Porsche Active Suspension Management кој ја спушта суспензијата за дополнителни 20 милиметри. Ќе добиете и активни носачи на моторот и заклучувачки заден диференцијал. Т-моделите ќе бидат препознатливи преку Agate Grey сивите капаци на ретровизорите и 20-инчните тркала со титаниумски финиш, а ќе добиете и спортски издувен систем во црна боја.

Кабината добива спортски управувач и црни спортски седишта со извезена ознака 718 на наслоните за глава, сјајно-црни детали низ кабината, платнени „рачки“ за отворање на вратите и уште мал милион ситни детали. Како мерка за намалување на тежината изваден е мултимедијалниот уред, но тој може да биде додаден без доплата. И сите ќе го додадат, нормално.

Поврзано:   Новиот Porsche 911 дебитираше и на Алпите!

Сега за сега нема информации за цените, но од Porsche кажуваат дека цените ќе бидат за околу 10% пониски во однос на цената која би ја добиле ако самите вака опремите Boxster или Cayman.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.