full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW ја „отвори“ Серијата 8 – претставен 8 Series Convertible!

По премиерата на големото луксузно купе, BMW ја претстави и кабрио-верзијата на Серијата 8 – моќниот кабриолет забрзува „до стотка“ за само 3.9 секунди, а кровот ќе може да го отвори за само 15 секунди.

Новиот кабриолет ги следи дизајнерските насоки на купето на кое е базирано, но користи преклоплив платнен кров кој може да се отвори или затвори за само 15 секунди, и тоа при брзини до 48 километри на час. Кабриолетот добива и различен заден дел, како и систем за заштита при превртување кој поставува заштитни алуминиумски панели за делови од секунда..

Лансирањето е планирано за Март следната година, а ќе се нудат две варијанти. Првата е BMW M850i xDrive Convertible која користи 4.4-литарски твин-турбо V8 бензинец и располага со 530 коњски сили при 6000 вртежи во минута и моќни 750 Nm вртежен момент од 1800 вртежи во минута. Оваа верзија забрзува до 100 километри на час за 3.9 секунди и постигнува електронски-ограничени 250 километри на час.

Втората варијанта е BMW M840d xDrive Convertible, и како што можете да претпоставите се работи за турбодизел. Тука се вградува 3-литарски линиски турбодизел кој испорачува 320 коњски сили при 4400 вртежи во минута и 680 Nm вртежен момент од 1750 вртежи во минута. Оваа варијанта забрзува до 100 километри на час за 5.2 секунди и постигнува 250 километри на час.

Обете верзии користат 8-брзински Steptronic автоматски менувач и ја пренесуваат силата кон подлогата преку xDrive систем за погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.