Lexus го поддржува Fashion Weekend Skopje, па сите имаме одлична можност одблизу да видиме, но и да повозиме некои од луксузните модели на јапонскиот бренд.
Пред хотелот Marriott во центарот на Скопје е изложен супер-луксузниот Lexus LS500h. Големиот седан е знаменосецот на Lexus и ги нуди сите најнови технологии, како и врвниот хибриден погон на јапонскиот производител на луксузни возила.
Истовремено, овој викенд можете и самите да ги повозите луксузните SUV модели на Lexus – одличните Lexus NX и Lexus RX. Денес од 12:00 до 15:00 часот можете одблизу да ги погледнете хибридните SUV модели на Lexus – и да ги повозите!