full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Jaguar XE SV Project 8 е вашето ново Nurburgring Race-Taxi за 199 евра!

Сакате да завртите круг околу Nurburgring со професионален возач зад управувачот на 600-коњски супер-седан од Jaguar? Сега можете!

Jaguar XE SV Project 8 е најбрзиот седан околу Nurburgring, а цената за ова задоволство е 199 евра. Во ред, тоа можеби звучи како многу – но ќе седите на совозачкото седиште во XE SV Project 8 Track Pack – истиот автомобил кој помина круг околу Nurburgring за само 7 минути и 21.23 секунди.

Искуството ќе го подобрат професионалните возачи на Jaguar – а брзините ќе надминат 250 километри на час на некои делници од 20.8-километарскиот Nurburgring. Пари добро потрошени, ако се прашуваме ние.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.