Audi го освежи супер-спортскиот R8 со затегнат дизајн и зголемена моќност – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го освежи супер-спортскиот R8 со затегнат дизајн и зголемена моќност

Освежениот знаменосец на Audi Sport доаѓа со поагресивен дизајн, но и зајакнат V10 атмосферски бензинец кој во зависност од изведбата испорачува 570 или 620 коњски сили.

Супер-спортскиот R8 сега има поагреисвни браници со поширока маска на ладилникот и три засеци за воздух кои оддаваат почит на оригиналниот Audi Quattro. Ќе забележите и нов преден сплитер, нови отвори за воздух, нов заден дифузер и уште неколку други дискретни измени. Достапни се три нови стајлинг пакети за екстериерот, и две нови бои Kemora Grey сива и Ascari Blue сина боја.

Кабината добива нови опции за бои, нови дизајн пакети со бои и материјали, и R8 Performance Design пакет со кожа и алкантара и детали од карбон.

Она што ќе биде интересно за сите е зајакнатиот мотор. Повторно достапен во две изведби, 5.2-литарскиот атмосферски V8 испорачува 570 коњски сили и 550 Nm вртежен момент, кај Audi R8 V10, односно 620 коњски сили и 580 Nm вртежен момент кај Audi R8 V10 Performance. „Обичниот“ R8 забрзува до 100 километри на час за 3.4 секунди и постигнува максимални 324 километри на час, додека Performance забрзува „до стотка“ за 3.1 секунда и постигнува максимални 331 километар на час.

Освежениот Audi R8 добива и ревидирана суспензија која ги подобрува стабилноста и прецизноста. Дополнително, управувањето е дополнително нагодено за да испорачува уште повеќе прецизност. Подобрени се и сопирачките – кај врвниот модел сопирањето од 100 километри на час до 0 е пократко за 1.5 метри, додека од 200 километри за цели 5 метри.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.