Škoda ја претстави и Scoutline изведбата на освежената Fabia – која комбинира просторност и практичност на компактен караван, со робусноста на Scout изведбите на чешкиот производител.
Škoda Fabia Combi Sportline ја истакнува својата авантуристичка ДНК со заштитни елементи во мат-црна и сребрена боја, со што добива оф-роуд изглед. Секако, бидејќи се работи за Fabia Combi, можеме да очекуваме (и ќе добиеме) врвна практичност – багажниког нуди меѓу 530 и 1395 литри капацитет, а во кабината преовладува Simply Clever пристапот на Škoda.
Инаку, Škoda Fabia Cоmbi Sportline може да се добие со добро-познатите MPI и TSI мотори кои веќе се вградуваат во Fabia. Моторите се со зафатнина од 1 литар и ги задоволуваат најстрогите Euro6d-TEMP стандарди за емисија на штетни гасови. Сите мотори доаѓаат со Start/Stop систем како, а TSI турбо-бензинците доаѓаат и со филтер за ситни честички.
Со Fabia Combi Sportline можете да ги добиете сите новитети кои ги добива и освежената Fabia – LED предни и задни светла, грст системи за асистенција кои користат модерни технологии, додека во кабината можете да добиете два USB приклучоци на задната клупа, светилка во багажниот простор и уште многу други ситници.