full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат денар, дизелот два денари

Нов понеделник, ново зголемување на цените на горивата – Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, повисоки цени на бензините и дизелот.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3.62%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за денар, односно денар и половина и еден литар од овие горива ќе чини 74.50, односно 76.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за два денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 69.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.