Skoda го потврди Kodiaq GT; ќе го продава само во Кина – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda го потврди Kodiaq GT; ќе го продава само во Кина

Купе-SUV изведбата на големиот Kodiaq ќе се вика Kodiaq GT, и ќе се продава ексклузивно во Кина.

Чешкиот бренд ги објави првите скици и првите детали од купе-SUV изведбата на големиот Kodiaq. Профилот е сличен на оној на Kodiaq, со очигледната разлика во задниот дел, каде опаѓачката кровна линија сугерира купеовска форма.

Сега за сега не знаеме ништо повеќе, освен тоа дека ќе се вика Kodiaq GT. Скиците изгледаат интересно, и иако од Skoda кажуваат дека Kodiaq GT ќе се продава ексклузивно на кинескиот пазар, сепак некои инсајдери сугерираат дека чешкиот бренд би можел да го понуди овој модел и во Европа по неколку години.

Кога ќе започне продажбата во Кина, се очекува дека Kodiaq GT ќе биде придвижуван од турбо-бензинец кој би нудел околу 200 коњски сили и во зависност од изведбата, би се нудел со мануелен или автоматски менувач, и со погон на предните или на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.