full screen background image
Search

Премиера: Porsche Panamera GTS и GTS Sport Turismo

GTS-изведбата на Panamera и Panamera Sport Turismo можеби нема да бидат најбрзите во гамата, но нашето искуство кажува дека ќе бидат меѓу најинтересните и најдинамичните верзии.

Под поклопецот се крие 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува одлични 460 коњски сили и 620 Nm вртежен момент – сосем доволно да го катапултираат големиот седан до 100 километри на час за 4.1 секунда, односно максимални 292 километри на час. Но GTS не би бил GTS доколку не добие уште неколку играчки – па Panamera GTS добива напредна воздушна суспензија (со која е дополнителни 10 милиметри поблиску до подлогата), рекалибриран PASM систем и поголеми сопирачки кои се со дијаметар од 390 милиметри на предните тркала, односно 365 милиметри на задните.

Дополнително, Panamera GTS добива и Sport Design пакет со црни додатоци, црни GTS значки и супер-лесни 20-инчни тркала. Кабината добива алкантара и детали од алуминиум, како и Sport Chrono пакетот. Доколку сакате, можете да нарачате и Interior GTS пакет кој додава детали во контрастни бои, а стандардно ќе добиете и целосно-нов head-up дисплеј кој за прв пат ќе се нуди во Panamera. Сето тоа му дава на најголемиот член на Porsche семејството подинамичен и поатлетски изглед.

Доколку сте расположени за Panamera GTS, нарачките се веќе отворени, а цените во Германија започнуваат од околу 140.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.