Opel најавува 8 нови модели; ќе ги пензионира Cascada, Adam и Karl – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel најавува 8 нови модели; ќе ги пензионира Cascada, Adam и Karl

Германскиот производител кој сега е под капата на PSA најави дека од почетокот на следната година до крајот на 2020 ќе лансира 8 нови или освежени модели, но истовремено дека ќе пензионира три моделски линии.

Офанзивата започнува со три целосно-нови автомобили – тоа се новата Corsa, наследникот на Mokka X, како и Vivaro комерцијалното возило кое ќе биде базирано на Citroen Jumpy, односно Peugeot Expert. Новите Corsa и Vivaro ќе пристигнат веќе следната година, додека наследникот на Mokka X ќе пристигне во 2020.

За прв пат, Corsa ќе се нуди и како електрично возило, и всушност електричната Corsa ќе биде еден од четирите електрифицирани модели кои Opel ќе ги понуди до крајот на 2020. Тука го вбројуваме и плаг-ин хибридниот Grandland X кој ќе биде претставен на средината на следната година.

Дополнително, Opel потврди дека бидејќи ќе инвестира само во „високо-волуменски и профитабилни сегменти“, моделите кои во моментов не ги исполнуваат очекувањата ќе бидеат пензионирани и нема да добијат наследници на крајот на нивниот животен век. Тие модели се малите Karl и Adam, но и големиот купе-кабриолет Cascada. Овие автомобили ќе продолжат да се произведуваат и продаваат до крајот на 2019, но веќе е започнато нивното повлекување од пазарот – Cascada веќе не се продава во Обединетото Кралство и Ирска.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.