Škoda започна да го открива наследникот на Rapid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda започна да го открива наследникот на Rapid

Најавата која ни пристигна од Škoda не открива многу – но сепак веќе знаеме за што се работи, а тоа е нов компактен модел кој ги користи дизајнерските насоки на одличниот Vision RS!

„Она што го гледате е силуетата на модел кој ќе биде лансиран до крајот на годината“ – кажуваат од Škoda. Благодарение на MQB A0 платформата, хечбекот со пет врати ќе комбинира компактни димензии со простран ентериер.

Новиот автомобил ќе има цела гама на напредни системи за асистенција, а дизајнот ќе биде базиран врз емотивниот дизајнерски јазик на Vision RS концептот.

„Купувачите можат да се радуваат на автомобилот, највеќе заради дизајнот на екстериерот и ентериерот“ – објаснува Aleš Petrus, проект менаџерот на Škoda Product Marketing, и додава – „Благодарение на платформата, најновата Škoda е со одлични пропорции и долго меѓуоскино растојание.“

„Нашата улога во продукт маркетингот е да ги испочитуваме перцепциите на пазарот, но и очекувањата на купувачите низ целиот животен век на возилото. Нашата цел е на купувачите да им дадеме продукт за нивните пари кој ги исполнува очекувањата во сегментот, не само на почетокот кога ќе го купат автомобилот, туку во секој стадиум на животниот век. Ова вклучува ценовно позиционирање, но и опремата која ја нудиме“ – додаде Petrus.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.