ПАРИЗ 2018: Премиера – Škoda Vision RS е хибриден хот хеч со 245 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПАРИЗ 2018: Премиера – Škoda Vision RS е хибриден хот хеч со 245 коњски сили!

Со хибридниот Vision RS, Škoda не само што го најавува новиот и поголем Rapid, туку претставува и визија за хибриден хот хеч со 245 коњски сили и екстремно-ниска потрошувачка и емисија на штетни гасови.

Плаг-ин хибридниот концепт е придвижуван од 1.5-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили во комбинација со електромотор и батерија. Системската моќност е 245 коњски сили и овозможува забрзување до 100 километри на час за 7.1 секунда и максимална брзина од 210 километри на час – и ако земеме во предвид дека емисијата на штетни гасови изнесува екстремно-ниски 33 грама CO2 на изминат километар – тоа се одлични перформанси. Од Škoda кажуваат дека концептот може да помине до 70 километри на електрична енергија, и дека батеријата со капацитет од 13 kWh може да се наполни во домашни услови за само 2.5 часа.

Инаку, барем во нашите очи концептот изгледа како да е навистина блиску до сериско производство – а тоа е поради тоа што со Vision RS, Škoda всушност го најавува следниот Rapid. Хечбекот ќе биде со пет врати и ќе нуди простор за петмина – има меѓуоскино растојание од 2650 милиметри, целиот автомобил е 4356 милиметри долг, 1810 милиметри широк и само 1431 милиметар широк. Не е заборавено ниту на практичноста – па и концептот има багажен простор од 430 литри, а сето тоа нам „ни мириса“ како на сериски автомобил.

Особено ни се допаѓа дизајнот на предниот дел, кој изгледа динамично без да изгледа прекомплцирано (и ги напушта „разделените“ предни светла на сегашната Škoda Octavia). Всушност, сите линии се јасни, остри и чисти без непотребни детали, а страниците ги красат големите (и лесни) 20-инчни тркала кои се оптимизирани да ја подобрат аеродинамиката. На задниот дел се издвојуваат задните светла во форма на буквата L кои се направени од Бохемиски кристал, како и дискретниот спојлер и интересниот заден дифузер. Сè на сè, концептот иако изгледа „концептски“, сепак се надеваме дека наскоро ќе се најде во сериско произдство.

Слична е приказната и во ентериерот – кој изгледа како би можел утре да се најде во сериски модел. Централната конзола е изработена од карбон и во неа е поставен главниот дисплеј, а добиваме и спортски седишта, детали во контрастна боја и уште неколку ситници од кристал.

Поврзано:  Новиот, поголем и уште понапреден Škoda Kodiaq пристигна во Македонија!

Ајде Škoda, пуштете го Vision RS во сериско производство!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.