full screen background image
Search

ПАРИЗ 2018: Peugeot на домашен терен го претстави 508 SW First Edition

Караванскиот 508 SW First Edition ќе се нуди во лимитирана серија, а е базиран на врвниот 508 SW GT и ќе може да се добие со 225-коњски турбо-бензинец или 180-коњски турбодизел.

Нарачките се веќе отворени – славеничкиот 508 SW First Edition веќе може да се нарача, и тоа преку интернет. 508 SW First Edition ќе го препознаете преку сјајно-црниот прстен околу маската на ладилникот и големите, 19-инчни Augusta тркала. Достапен ќе биде само во две бои – Twilight Blue и Amazonite Grey. Кабината добива црн тапацир на кровот, алуминиумски педали и мал милион други додатоци и детали – како на пример сино амбиентално осветлување и дрвени нелизгачки панели во багажниот простор.

Понатаму, купувачите ќе добијат и карбонски детали, но и супер-мека Nappa кожа во црна или црвена боја. Секако, ќе ги добијат и сите нови технологии на Peugeot – Night Vision инфрацрвена камера, безжично полнење на мобилни уреди, дигитално радио, навигација, препознавање на гласовни команди и многу, многу повеќе. Аудиофилите ќе бидат среќни – аудио-системот е од Focal и доаѓа и со Focal безжични слушалки.

Како што напоменавме – 508 SW First Edition ќе може да се добие со два мотори – 1.6-литарскиот PureTech со 225 коњски сили, или пак 2-литарскиот BlueHDI со 180 коњски сили. Обете варијанти се достапни исклучиво со EAT8 автоматски менувач со двојна спојка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.