Еуроимпекс и Peugeot дел од дипломатскиот тениски турнир – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Еуроимпекс и Peugeot дел од дипломатскиот тениски турнир

Peugeot беше дел од прославата по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Франција.

Еуроимпекс и Peugeot го поддржаа традиционалниот тениски турнир кој се одржа оваа сабота на терените на тенискиот клуб Евросет. На овој традиционален дипломатски тениски турнир земаа учество 33 учесници, а е во соработка со Францускиот Институт во Скопје.

Оваа година тенискиот турнир беше во знак на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Франција и Македонија. Присутните дипломати и претставници на конзуларниот кор беа соодветно пречекани со Peugeot 3008, кој беше официјален пријател на настанот.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.