Mercedes-Benz ја лансира новата хибридна S-Class S560e – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz ја лансира новата хибридна S-Class S560e

Хибридната верзија на знаменосецот на Mercedes-Benz ќе може да помине до 50 километри на електрична енергија.

Новиот Mercedes-Benz S560e е всушност хибридна верзија на знаменосецот на германскиот производител на луксузни автомобили. Плаг-ин хибридниот седан комбинира 3-литарски V6 кој нуди 367 коњски сили и 500 Nm вртежен момент со електромотор кој испорачува дополнителни 121 коњска сила, за вкупна системска моќност од 476 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.

Таа моќност овозможува забрзување до 100 километри на час за рамно 5 секунди и максимална брзина од 250 километри на час. Батеријата која е со капацитет од 13.5 kWh овозможува возење на електрична енергија при брзини до 130 километри на час, а во оптимални услови ќе може да се поминат до 50 километри на струја. Полнењето во домашни услови би траело околу 5 часа, што се сосем адекватно за полнење преку ноќ и користење на автономијата на електрична енергија преку ден.

Цените за хибридниот S560e во Германија ќе започнуваат од 96.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.