Новиот Suzuki Jimny разочара на EuroNCAP тестовите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Suzuki Jimny разочара на EuroNCAP тестовите

Најновата генерација на Suzuki Jimny успеа да освои само три ѕвезди на EuroNCAP тестовите за безбедност, што е навистина разочарувачки резултат за целосно ново возило.

За време на фронталниот судир со половина од предниот дел, кабината на патниците останала значително деформирана, посебно во делот околу рамката на вратата. Во меѓувреме, отчитувањата од куклите прикажале добра заштита на колената и надколениците, но слаба заштита на градите на возачот.

 

Во судирот со целосната ширина на предниот дел, заштитната бариера за главите на задните патници била оценета како слаба, додека заштитата на градите на возачот и задниот патник била задоволителна. Најлошиот дел од целото тестирање бил недоволниот притисок во воздушното перниче на возачот, што значи дека овозможило главата на куклата да удри во воланот.

Што се однесува до сериски вградениот систем за автономно сопирање, тој покажал лоши перформанси во тестовите со избегнување на пешаци во дневна светлина и не функционирал на слабо светло. Системот воопшто не реагирал на побрзо движечките препреки на патот како велосипедистите.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.