full screen background image
Search

Новиот Hyundai Santa Fe и освежениот Hyundai Tucson претставени во Македонија

Популарниот SUV на Hyundai – Tucson – како и големиот SUV со името Santa Fe вчеравечер беа официјално претставени пред македонската јавност.

Освежениот Tucson доаѓа со затегнати линии, дискретно редизајнирани предни и задни светлосни групи и нови предни и задни браници. Добива и нов ентериер инспириран од хечбекот i30, кој вклучува редизајнирана централна конзола, редизајнирани инструменти и нов мултимедијален уред. Мултимедијалниот уред добива и Apple CarPlay и Android Auto можности за поврзување.

Освежениот Tucson ги добива сите најнови безбедносни технологии кои ги нуди Hyundai – автоматска регулација на долгите светла, Front Collision Avoidance Assist со можност за препознавање пешаци, систем за автоматско сопирање и следење на коловозната лента, паметен темпомат, итн.

Ништо помалку важен е и новиот голем SUV на Hyundai – Santa Fe. Santa Fe ќе се нуди во две конфигурации – со пет или седум седишта. Новиот автомобил е 70 милиметри подолг, 10 милиметри поширок и со меѓуоскино растојание подолго за цели 65 милиметри – односно, сега големиот SUV е долг 4770 милиметри, широк 1890 милиметри и висок 1680 милиметри, а меѓуоскиното растојание е 2765 милиметри. Багажниот простор расте на 625 литри кај верзијата со 5 седишта, односно 130 литри зад третиот ред седишта.

Кабината е целосно-нова и ќе може да се нарача со дигитални инструменти. Купувачите ќе добијат и хај-тек мултимедијален уред со навигација, технологија за препознавање гласовни команди и можност за Apple CarPlay поврзување. Дел од пакетот ќе бидат и системи за асистенција кои веќе ги очекуваме – систем за следење на коловозната лента, паметен темпомат, систем за спречување преден удар и уште многу други напредни системи за активна и пасивна безбедност.

Поврзано:   Hyundai i30 добива малку затегнати линии и нови мотори за новата моделска година


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.