Јапонскиот бренд претстави нов концепт базиран на Nissan Navara, создаден во соработка со Европската Вселенска Агенција.
Dark Sky Concept претставува возило од соништата на секој астроном, затоа што влече голем телескоп за опсервација во уникатна теренска приколка. Токму од тука концептот го добива името, бидејќи е дизајниран прави опсервации од далечни локации кои се далеку од околна светлина.
Дизајнот е изменет од стандардниот модел, така што концептот добива редизајниран преден браник со поголем пластичен заштитник и сајла за влечење. Од страна се додадени и пошироки полумесеци, помасивни заштитни шини на праговите, а тука се и нови кровни шини со интегрирани LED светла. Останатите измени вклучуваат изменет заден браник и 20-инчни тркала со пневматици наменети за потешки терени.
Каросеријата на Navara Dark Sky се одликува со двобојна шема на бои кои се спојуваат преку шестоаголен шаблон на саќе, а на некои делови се забележуваат и црвени надворешни светла бидејќи тие најмалку пречат на видот при слаба светлина. Истите форми и бои се одсликани и во внатрешноста, а додадени се осветлување на патосниците и рефлективни везови на седиштата.
Концептот е придвижуван од 2.3-литарски твин-турбо дизелски мотор кој произведува 190 кс и 450 Nm вртежен момент. Тој ја испорачува силата кон систем за погон на сите четири тркала преку автоматски менувач.
Придружбата на концептот е специјалната приколка која вдомува PlaneWave телескоп под механизиран кров. Приколката е всушност голем ладилник кој го зачувува телескопот да остане калибриран и им овозможува на астрономите да имаат детален поглед на прстените на Сатурн.