full screen background image
Search

Цените на горивата се зголемуваат за по еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги зголеми малопродажните цени на горивата за по еден денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата. Малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.33%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по еден денар.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини  67 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.