full screen background image
Search

Официјално претставен освежениот KIA Sportage во Македонија

Киа Моторс Македонија официјално го претстави редизајнот на Kia Sportage за следната моделска година. Со повеќе од 5 милиони единици продадени ширум светот, Sportage е еден од најважните модели на Kia.

Главните промени кои се истакнати кај редизајнот на четвртата генерација на Kia Sportage се новите хромирани лајсни кои ги има под предната решетка, на праговите и на задниот одбојник. Други видливи додерувања се светлосните групи во предниот спојлер и во задниот дел светлосна група го заокружува впечатокот за современата естетска целина.
Богата опрема има има уште во основниот модел, кој од сега ќе го познаваме според ознаката Vision. Во секој Sportage сега ќе има 7-инчен LCD дисплеј чувствителен на допир во кој е вградена конективна поддршка, а која ги опфаќа двете најпопуларни платформи: Android Auto и Apple CarPlay. Дополнително, веќе во основниот модел, Vision, се вградени задна камера и сензори за паркирање.

Во однос на исполнување на еколошките стандарди, сите безниски и дизел агрегати ги исполнуваат EURO 6D TEMP еколошките норми кои треба да се имплементираат наредната година, а Kia веќе ги понуди во своите модели. Најголемата новина е дизел агрегатот 1.6 CRDi кој доаѓа во две опции (Low power) од 115 КС и (High Power) од 136 КС каде помоќниот агрегат нуди достапни опции за AWD погон на сите четири тркала и седум степена автоматска трансмисија со двојно квачило. Во бензиските изведби достапни се агрегатите 1.6 GDi со моќност од 132 КС и 1.6 TGDi со 177 КС кој истo така нуди опции за погон на сите четири тркала и автоматска трансмисија. Тоа е само дел од понудата на агрегатите, а новитет е 2.0 CRDi 48V Mild Hybrid so 185 КС стартер генератор и батирии од 48V за рекуперација на кинетичката енергија. Сите агрегати се опремени со системот ISG кој го исклучува агрегатот при работа во место.

Поврзано:   ТЕСТ: KIA Sportage 1.6 CRDi AWD DCT First Edition – Достојно освежување за бестселерот!

За пребирливите, но и за корисниците кои сакаат да ја истакнат својата персоналност, KIA на располагање ги презентира и повисоките пакети на опрема Advance и First Edition. Тие ќе се препознават по новите алуминиумски фелни од 17 и 19 инчи на кои се монтирани нископрофилни пневматици, потоа според хромираните лајсни, задните LED светла, а во внатрешноста е поставен нов мултимедијален навигациски систем со 8-инчен екран на допир комбиниран со JBL аудио систем и subwoofer.

Тука се уште и електричната рачна сопирачка, греењето на сите седишта и уште цела низа безбедносни системи. На долгата листа се наоѓаат и вградениот радар кој заедно со камерите и сензорите го снимаат патот и овозможуваат останување на коловозната лента, но и опоменуваат за промена на правецот без активирање на трепкач. Истиот систем е ангажиран и за одржување на безбедно растојание со возилото пред вас, и што е исклучително корисно за безбедноста, автономно сопирање во случај на детектирана опасност.

Цените на Kia Sportage модел 2019 започнуваат од 16.950 евра за нивото на опрема Vision со бензински агрегат, додека за помоќниот дизелски погон и истото ниво на опрема цената е 19.950 евра.

Фотографии

Фотографии: Виктор Чемерикиќ

Извор: PR Kia



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.