full screen background image
Search

Lego направи целосно функционален Bugatti Chiron во реална големина – сосе мотор, сосе сè!

Lego направи целосно-функционален Bugatti Chiron – за кој се искористени преку 1 милион Lego Technic делчиња и кој дури може да постигне 20 километри на час!

Данскиот производител на играчки се „здружи“ со Bugatti за да направи нешто неверојатно – Chiron во реална големина направен од преку 1.000.000 Lego Technic делчиња кој тежи 1.5 тони. Но фасцинантноста не завршува таму – Lego Chiron има 2304 мали моторчиња од Lego Power Function серијата, како и 4032 Technic запчаници за навистина да може да вози – па Lego Chiron има 5.3 коњски сили и 92 Nm вртежен момент, и може да постигне нешто повеќе од 20 километри на час!

За проектот биле потребни 13.000 часа да се развие и изработи. Искористени се 339 различни Lego делчиња во преку еден милион примероци за да се направат шасијата, каросеријата, предните и задните светла, како и целосниот ентериер. Bugatti дури го „тестираше“ Lego Chiron на Ehra Lessien тест-патеката со Andy Wallace (победник на Le Mans) зад управувачот. Тој изјави дека „возењето на Lego Chiron беше одлично искуство во кое темелно уживав. Никогаш не сонував дека еден ден ќе возам вистински Lego автомобил!“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.