full screen background image
Search

Што најавува Škoda со Vision RS концептот?

Чешкиот производител објави скици од концепт кој ќе биде претставен во Париз, со кој најавува нов компактен модел – дали ќе биде тоа наследникот на Rapid?

Изгледа дека еден од најинтересните модели на Саемот на Автомобили во Париз ќе дојде – верувале или не – од Škoda. Чешкиот производител објави две скици од моделот кој ќе го претстави во Париз, кој има двојна улога. Едната улога е да најави нов сериски модел, додека втората улога е да ги најави спортските елементи по кои ќе бидат препознатливи RS-моделите на брендот.

Сега за сега од Škoda не потврдуваат дека со Vision RS го најавуваат токму новиот Rapid, но сепак можеме да претпоставиме. Тие кажуваат дека се работи за компактен автомобил – веќе знаеме дека ќе биде долг 4356 милиметри, широк 1810 милиметри и висок само 1431 милиметар. Меѓуоскиното растојание на концептот ќе биде 2650 милиметри – и ако го земеме сето ова во предвид, доаѓаме до автомобил од таканаречената „Голф-класа“.

Останува да почекаме до Саемот на Автомобили во Париз за да го видиме концептот, а наскоро потоа и серискиот модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.