Lexus го освежи купето RC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го освежи купето RC

Спортското купе на Lexus кое ја носи ознаката RC е на пазарот веќе четири години, па јапонскиот премиум бренд одлучи малку да ги затегне линиите на овој модел.

Официјалното деби е закажано за Саемот на Автомобили во Париз, но веќе се објавени првите фотографии – добиваме редизајнирани предни светла кои се поинтегрирани во предниот браник, нови отвори за воздух во задниот браник како и редизајнирана предна маска на ладилникот. Измените не се огромни, но сепак убаво го освежуваат RC.

Според Lexus, не е застанато само кај визуелните измени – RC добива и подобрена аеродинамика, рекалибрирана суспензија и мали измени кај погонот, но не објавува конкретни детали околу тоа. Но сепак, благодарение на сето тоа, но и новите 19-инчни тркала со спортски пневматици кажуваат дека „освежениот RC е поатлетски и пореспонзивен од било кога.“

Повеќе информации ќе имаме за време на Саемот на Автомобили во Париз.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.