Lada го претстави 4×4 Vision концептот, дали конечно најавува нова Niva? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lada го претстави 4×4 Vision концептот, дали конечно најавува нова Niva?

Концептот кој доаѓа од Lada го носи името 4х4 Vision – и според некои познавачи е дискретна најава за наследникот на легендарната Niva.

Концептот е токму тоа – концепт. Затоа забележуваме храбар дизајн околу целиот автомобил, со робустен преден дел во форма на буквата Х, како и многу заштитни панели како под автомобилот, така и околу него. Она што е типично-концептски се големите, 21-инчни тркала кои иако не се баш како за кај теренец, сепак се обвиени во соодветни пневматици и изгледаат робустно.

Интересниот дизајн продолжува и во кабината – забележуваме детали во портокалова боја, но и сиви додатоци и детали од алуминиум. Како што налагаат трендовите, има и голем мултимедијален уред, но и дигитален панел со инструменти пред возачот. Концептот добива и панорамски кров, амбиентално осветлување и уште многу, многу кул ситници и детали.

Од Lada не кажуваат многу за платформата на 4×4 Vision, но сепак кажуваат дека таа е „специјална“, што и да значи тоа. Концептот е долг 4.2 метри, а дел од приказната е автоматски менувач со високи и ниски односи на менувачот кои кажуваат дека дизајнерите и инженерите сепак се сериозни околу теренските способности на 4×4 Vision.

Од Lada кажуваат дека концептот не е најава за следната Niva, но дека сепак Niva е инспирацијата за концептот и дека концептот ја отсликува иднината на бреднот. „Се подготвуваме за иднината на Lada. Со 4х4 Vision го демонстрираме потенцијалот за уникатен, експресивен, храбар и енергичен дизајн за ново SUV, и секако, влечеме инспирација од легендарната Lada 4×4 Niva.“ – изјавид директорот за дизајн, Steve Mattin.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.