Toyota одлучи да го пензионира името Auris и да се врати на Corolla – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota одлучи да го пензионира името Auris и да се врати на Corolla

Toyota одлучи дека лансирањето на најновата генерација на успешниот хечбек е идеално време да го врати името Corolla во Ц-сегментот.

Тоа значи дека името Auris ќе „згасне“ кога тековната генерација ќе се пензионира за неколку месеци, и дека со официјалното лансирање Corolla ќе се нуди како седан, хечбек и караван. Интересно е што неодамна Toyota го регистрираше името Corolla Cross, со што сугерира дека на пазарот ќе се понуди и некаква кросовер-изведба.

„Нема подобар момент од лансирањето на моделот од најновата генерација за повторно воведување на името Corolla во Ц-сегментот“ – изјави Dr. Johan van Zyl, претседателот на Toyota Motor Europe. Дополнително, од Toyota кажуваат дека враќањето на името Corolla во овој сегмент е сосем логично со оглед на значителните измени благодарение на новата платформа.

Со новата Corolla, Toyota ја потврдува и зајакнува својата посветеност кон хибридните технологии. Веќе потврдија дека Toyota ќе го следи примерот на Lexus и нема да нуди дизелски мотори кај своите модели, туку ќе се концентрираат на бензински и хибридни мотори, а токму Corolla ќе ги воведе најновите технологии. Благодарение на новата TNGA (Toyota New Generation Architecture) платформа, Corolla ќе има пристап токму до најновите технологии и системи на јапонскиот гигант.

Останува само да почекаме Corolla да пристигне кај нас и самите да се увериме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.