full screen background image
Search

Премиера: Renault го претстави новиот концепт за кросовер-купе со името Arkana

Концептот е во суштина приказ на серискиот автомобил кој треба наскоро да пристигне на пазарот, но на самиот почеток нема да се нуди во Европа.

Сериската верзија на Arkana треба да пристигне на пазарот следната година, па иако она што денес го гледаме официјално е претставено како концепт, сепак е навистина блиску до финалниот модел. Според Renault, Arkana e „фузија меѓу елеганцијата на седанот со робустноста на SUV“. Arkana ќе се произведува во Русија и ќе се продава ширум светот, но интересно е што од Renault најавуваат дека нема да се продава во Европа. Сепак, ако Arkana се покаже како популарен модел, не би биле изненадени ако за неколку години пристигне и кај нас.

Одлуката на Renault да ја прикаже Arkana во Москва воопшто не е изненадувачка – Русија е втор по големина пазар на Renault и се очекува да стане водечки пазар до 2022-рата година. Учеството на Renault на рускиот пазар е огромно – околу 28% од продадените возила во Русија во 2017 биле од нивните брендови, односно скоро 450.000 автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.