Пристигна освежената Mazda 6 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежената Mazda 6

Во салонот на Mazda во Скопје пристигна неодамна-освежената Mazda 6, која со себе носи многу новитети и подобрувања.

Познавачите на Mazda ќе забележат дека освежената „Шестка“ добива редизајнирани предни светла со LED технологија, затегнати преден и заден браник (со поголеми завршетоци на издувниот систем во задниот браник, и не се лажни туку се вистински!), нови задни светла, нови дизајни на фелни и нови бои. Кабината добива нови материјали и редизајнирани седишта (кои сега се нијанса поголеми и нудат уште подобра странична поддршка), нов инфозабавен уред со 7-инчен дисплеј и уште многу други ситници.

Инженерите од Mazda кажуваат дека се ревидирани суспензијата и управувањето за уште подобра директност и уживање во возењето. Автомобилот кој е изложен во салонот на Mazda (и воедно е на фотографиите) е во врвното Takumi Plus ниво на опрема и е придвижуван од 2.2-литарскиот SKYACTIV-D турбодизел со 184 коњски сили.

Меѓу другото, во опремата вбројува 8-инчен дисплеј, греење и ладење на седиштата, големи 19-инчни тркала, LED предни светла со асистент за долго светло, сончев кров, BOSE аудио уред, навигација, и уште многу, многу други додатоци. Цената на изложеното возило е 43.900 евра, а за повеќе информации обратете се во салонот на Mazda Македонија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.