Mercedes-Benz го претстави спектакуларниот EQ Silver Arrow концепт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го претстави спектакуларниот EQ Silver Arrow концепт!

Со спектакуларниот EQ Silver Arrow, дизајнерите од Mercedes-Benz гледаат кон иднината, но истовремено оддаваат почит кон неповторливиот W125 од далечната 1937-ма година!

EQ Silver Arrow го потпишува токму главниот дизајнер во Mercedes-Benz – Gorden Wagener – и концептот идеално ја отсликува „Sensual Purity“ филозофијата на компанијата. Како што и можевме да очекуваме, во концептот има место само за возачот – а ќе препознаете многу ретро-детали со супер-модерна интерпретација.

Целиот автомобил е направен од карбонски влакна. Долг е 5.3 метри, на предниот дел ќе забележите дискретни и супер-тенки предни светла споени со една LED лента. Слична LED лента има и на страните, а на задниот дел има „едноделно“ задно светло. Дизајнот е чиста автомбилска еротика за која во денешно време можеме само да сонуваме. Интересни се и аеродинамичните „прекривки“ на тркалата кои ја  покриваат само предната половина.

Во кабината ќе пронајдете кафена кожа и многу детали од полиран алуминиум и дрво. Во кабината „врие“ од најмодерна технологија – од панорамски дисплеј пред возачот, директно на кој можете да активирате и таканаречен „Ghost Car“, па сè до дисплеј интегриран во управувачот преку кој се контролираат главните функционалности на автомобилот. Интересно е што за да се истакне емотивноста во возењето, инженерите на Mercedes-Benz решиле дека ќе му дозволат на возачот да избере меѓу звук од AMG V8 мотор, или пак од F1 болид.

Секако – како што и можеме да претпоставиме од EQ името – автомобилот е електричен. Струјата доаѓа од 80 kWh батериски модул и електромотори кои испорачуваат вкупно 750 коњски сили.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG PureSpeed е специјален, супер-лимитиран роудстер со инспирација од F1


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.