Премиера: Bugatti Divo – Полесен, подинамичен, поскап, распродаден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Bugatti Divo – Полесен, подинамичен, поскап, распродаден!

Светската премиера на Bugatti Divo значи една интересна нова насока за Bugatti – целта била да се понуди динамичен и агилен автомобил кој ќе понуди максимално уживање во возењето.

Дизајнот ги следел перформансите – па поголеми се отворите за воздух и има поголем преден спојлер за подобрена аеродинамика. Автомобилот е редизајниран со цел да се подобри аеродинамикатa – всушност, при максимална брзина потисната сила е 456 килограми – цели 90 килограми повеќе од Chiron.

Секако, работено е и на другите делови  – шасијата е поцврста, поработено е на суспензијата и геометријата на тркалата е „чепната“. Тежината е намалена за 35 килограми – што е можеби малку незначително. Сепак, 16-цилиндерскиот квад-турбо бензинец испорачува 1500 коњски сили и перформансите на тркачките патеки се значително подобрени. Многу време е поминато на Nardo патеката каде Bugatti Divo го подобри времето на Chiron за цели 8 секунди.

Она што е интересно е дека максималната брзина на Divo е пониска во однос на онаа на Chiron. Chiron постигнува максимална брзина од 420 километри на час, додека Divo е ограничен на „само“ 380 километри на час. Забрзувањето до 100 километри на час останува исто – само 2.4 секунди.

Името на Bugatti Divo е по Albert Divo, пилот од првата светска војна кој потоа станал возач на тркачки автомобили и стигнал до две победи на Targa Florio. Ќе бидат произведени само 40 примероци и секој ќе чини  по 5 милиони евра – и погодувате, веќе се продадени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.