Пристигна фејслифтираниот KIA Sportage – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна фејслифтираниот KIA Sportage

Во салонот на Киа Моторс Македонија пристигна и фејслифтираниот Kia Sportage кој покрај затегнатиот дизајн, добива и уште неколку новитети.

Како што пишувавме кога KIA го претстави фесјлифтот на Sporage, визуелните измени се дискретни – но сепак забележливи. Редизајнирани се предниот и задниот дел со нови светлосни групи и нови браници, а дел од приказната се и нови дизајни за алуминиумските тркала – сите димензии на тркала добиваат нови дизајни, а можете да нарачате фелни со димензии од 16 до 19 инчи.

Кабината добива нов управувач и освежени инструменти, како и некои нови материјали. Измените во кабината не се многу забележливи, но се доволни да го одржат Sportage „свеж“ и конкурентен.

На самиот почеток Sportage се нуди со два мотори и во две нивоа на опрема – нивоата на опрема се нарекуваат Vision и Advance, а можете да одберете меѓу 1.6-литарски бензинец со 132 коњски сили или пак 1.6-литарски турбодизел со 136 коњски сили. Обете комбинации се со мануелен менувач и погон на предните тркала, а во понудата понаму ќе бидат додадени и 1.6-литарски турбо-бензинец со 177 коњски сили и 2-литарски турбодизел со 185 коњски сили. Помоќниот бензинец ќе може да се комбинира со погон на предните или сите четири тркала и со мануелен или автоматски менувач. Помоќниот турбодизел ќе биде достапен само со погон на сите четири тркала и со мануелен или автоматски менувач со 8 брзини.

Цените започнуваат од 16.950 евра за основниот бензинец, односно 22.390 евра за основниот турбодизел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.