full screen background image
Search

Сакате да кампувате? Explorer XPR440 е подготвен да оди насекаде!

Поставенo врз основата на Mercedes Unimog и направенo од EarthCruiser Australia, ова несекојдневно камп-возило е подготвено да оди насекаде!

Основата за Explorer XPR440 е шасијата од Unimog U 430, врз која е поставена каросерија од камп-возило кое ги нуди сите работи кои би можеле да ги посакате – добивате кревети, фрижидер, целосно-функционален тоалет со туш кабина, кујна, па дури и машина за перење алишта. Но она што е уште поимпресивно е подготвеноста на Explorer XPR440 да оди навистина насекаде. Благодарение на Unimog платформата и перманентниот погон на сите четири тркала, XPR440 ги има сите можни теренски функционалности.

Дополнително, тој може да носи 800 литри гориво, што според официјалните податоци му дава автономија од околу 3500 километри со едно полнење!

Подготвени за патување?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.