Opel Insignia добива 1.6-литарски турбо-бензинец со 200 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Insignia добива 1.6-литарски турбо-бензинец со 200 коњски сили

Opel од денес нуди нов турбо-бензинец за големата Insignia Grand Sport – замислен да биде поставен под Insignia GSi, новиот мотор испорачува 200 коњски сили и 280 Nm вртежен момент.

Новиот, 1.6-литарски турбо-бензинец е опремен со специјален филтер за ситни честички, а благодарение на него ги задоволува Euro 6d-TEMP стандардите за емисија на штетни гасови. Моторот кој испорачува 200 коњски сили и 280 Nm вртежен момент може да се комбинира со мануелен или автоматски менувач, и овозможува забрзување до 100 километри на час за 7.7 секунди и максимални 235 километри на час.

Моторот ќе се нуди кај сите три изведби на Insignia – Grand Sport, караванот Sports Tourer, како и кросоверот Country Tourer. Новиот мотор е веќе достапен за нарачка кај дилерите на Opel.

Прочитајте го нашиот тест на Opel Insignia Grand Sport.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.