BMW ќе прави нова фабрика вредна 1 милијарда евра во Унгарија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ќе прави нова фабрика вредна 1 милијарда евра во Унгарија

Германскиот производител денес објави дека следната година ќе започне да гради нова фабрика во Дебрецин, Унгарија – и дека таа ќе чини 1.2 милијарди долари, односно некаде околу 1 милијарда евра.

Фабриката на BMW во Унгарија ќе биде прва нова фабрика на германскиот бренд од 2000-тата година па наваму. Тогаш BMW ја направи фабриката во Лајпциг, Германија. Сега за сега не кажуваат кои модели ќе се произведуваат во новата фабрика, но потврдија дека изградбата ќе започне во втората половина на следната година. Сепак, сугерираат дека во новата фабрика ќе се произведуваат електрични и електрифицирани возила.

„Во иднина секоја фабрика на BMW Group ќе биде подготвена да произведува како конвенционални, така и електрифицирани возила.“ – изјави Oliver Zipse, член на одборот на BMW AG задолжен за производство, и додаде – „Нашата нова фабрика во Унгарија ќе може да произведува конвенционални модели, но и електрифицирани, и тоа на истата производна линија. Ќе ни овозможи поголем капацитет за нашето светско производство, а кога производството ќе започне, ќе постави нови стандарди во однос на флексибилност, дигитализација и продуктивност.“

Интересно е што Унгарија е интересна земја за производителите на автомобили. Во Унгарија свои фабрики веќе имаат Mercedes-Benz, Audi и Suzuki, a свој погон за производство на мотори има и Opel.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.