По хечбекот Leon и поголемиот SUV – Ateca – малата Arona е третиот модел на SEAT кој добива целосно-дигитална инструмент табла.
Дигиталната инструмент-табла на Arona користи дисплеј со дијагонала од 10.25 инчи, и на него може да покаже многу различни информации. Според она што го кажуваат од SEAT, достапни се три главни екрани, кои се викаат Classic, Digital и Dynamic View.
Classic е – погодувате – класичен дисплеј кој ги покажува аналогните инструменти со дополнителни информации покажани меѓу нив. Digital дисплејот му овозможува на возачот да најде паркинг, гаражи или нешто слично, и го олеснува следењето на инструкции. Дополнително, овозможува зумирање во мапата од навигацијата за полесно снаоѓање и подетални информации.
Dynamic комбинира навигација со статусот на возилото и системи за асистенција како што се Lane Assist, Blind Spot Detection и Front Assist. Возачот ќе може да се префрла од еден „екран“ на друг преку View копчето поставено на управувачот.