Дечките од скопскиот бенд Funk Shui одбраа Ford Focus, како автомобил кој успева најдобро да ги задоволи нивните потреби.
Ford станува официјален автомобилски поддржувач на младите музичари од Скопје, бендот Funk Shui. Тие го одбраа моделот Ford Focus кој најдобро се вклопува во нивниот стил и истовремено најдобро ги задоволува нивните потреби.
„Она што ни требаше беше економичен и просторен автомобил бидејќи редовно патуваме убаво товарени. Focus-от е моделот кој едноставно навјвеќе ни легна.“ – велат момците од Funk Shui.
Ми-Да Гранд Моторс – овластениот застапник за возилата од брендот Ford во Македонија – како дел од својата политика за општествена одговорност и поддршка на младите го препозна талентот на овие млади музичари. „Младите се исклучителен Фокус на нашата компанија, затоа и понатаму ќе ги поддржуваме и помагаме. Токму моделите Фокус и Фиеста се најпродавани кај младата популација.“ – изјавија од Ми-Да Гранд Моторс.
Бендот Фанк Шуи постои од 2010 година, позади себе има 2 албуми и неколку видео записи. Од оваа година бендот е ексклузивец на Авалон Продукција.
Извор: PR Ford