Peugeot го претстави новиот Partner наменет за комерцијална употреба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го претстави новиот Partner наменет за комерцијална употреба

Новиот комерцијален ван на Peugeot воведува интересни новитети во сегментот – од i-Cockpit конзолата, па сè до систем кој го следи максималното товарење.

Верзијата на i-Cockpit која ќе се вградува во Peugeot Partner е специјално адаптирана за комерцијални возила и има за цел да понуди супериорна прегледност во однос на конкурентите. Ова ќе го постигне прек две камери – една поставена во совозачкиот ретровизор и втората врз задните врати. Овие две камери ќе пренесуваат слика кон 5-инчен дисплеј кој е поставен на местото на внатрешниот ретровизор. Со ова Peugeot нуди вистинско решение за ограничената прегледност на ваквите возила.

Понатаму, Partner ќе добие и Overload Alert систем. Задачата на овој систем е да го предупреди возачот кога е постигнат 90% од максималниот тежински лимит за товарот. Тоа ќе го прави преку нотификација, а доколку лимитот е надминат ќе се појави и специјално предупредување на централната конзола. Со овој систем оние претоварените комбиња кои ги гледаме по нашите улици би требало да станат минато.

Peugeot Partner ќе се нуди во две изведби – еден со должина од 4.4 метри и искористлива должина од 1.81 метар, како и верзија со должина од 4.75 метри и искористлива должина од 2.16 метри. Носивоста ќе биде меѓу 600 и 1000 килограми во зависност од избраната варијанта. Ќе се нудат два турбо-бензински и три турбодизел мотори. Бензинците се PureTech со 110 и 130 коњски сили, а помоќната верзија ќе може да се добие и со автоматски менувач. Дизелите се BlueHDi со 75, 100 и 130 коњски сили, и најмоќната верзија ќе може да се добие со автоматски менувач. Интересно е што и бензинските мотори имаат специјални филтри за ситни честички, со цел уште повеќе да се намали емисијата на штетни гасови.

Продажбата ќе започне во Ноември.

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.