full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат за еден денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ цените на бензините ќе се намалат за еден денар, додека цената на дизелот ќе остане непроменета.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.66%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 1 денар, и од вечерва на полноќ еден литар од овие горива ќе чини  71.00, односно 73.00 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува непроменета, и еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 63.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.