full screen background image
Search

Toyota Camry пристигнува во Европа со најновата хибридна платформа!

Дали знаевте дека еден од најсупешните модели на Toyota – големиот седан Camry – пред 14 години се продаваше и во Европа?

По отсуство од 14 години, Toyota го враќа Camry на Европскиот пазар – и тоа со цел да го одржи (но и да го зголеми) присуството во D и Е-седан сегментите. Новиот Camry ќе се нуди како само-полнечки хибрид и ќе комбинира 2.5-литарски бензинец со електромотор. Со Camry, Toyota на европскиот пазар ќе нуди вкупно 8 хибрид-електрични возила.

Можеби не знаете дека Camry е всушност еден од најдобро-продаваните возила во својот сегмент. Годишно се продаваат повеќе од 700.000 примероци, а Camry се продава во повеќе од 100 земји ширум светот. Досега се продадени повеќе од 19 милиони примероци од јапонскиот седан!

Најновата генерација на Camry е базирана врз TNGA (Toyota New Global Architecture) платформата. TNGA платформата на исто рамниште ги поставува забавата во возењето и квалитетот, ефикасноста и технологијата. Европскиот Camry ќе биде дополнително прилагоден кон очекувањата за динамичност и управливост кои ги имаат купувачите на стариот континент.

Новиот Camry Hybrid ќе започне да се продава во Европа во првата четвртина од следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.