full screen background image
Search

Сакате сопствен Bugatti Chiron? Сега можете да го имате – во LEGO изведба!

Изведбата на LEGO е во размер 1:8, има дури 3599 парчиња и доаѓа со целосно-функционален мотор, менувач, суспензија и управување!

Бидете подготвени да одвоите време за LEGO Chiron – моделот се гради од 3599 парчиња и е 56 сантиметри долг, 25 сантиметри широк и 14 сантиметри висок. Кога ќе го склопите вашиот Chiron, ќе добиете W16 мотор со функционални клипови, 8-брзински менувач (со функционални „лопатки“), функционална суспензија и уникатен сериски број. Ќе добиете и Speed Mode клуч кој го задвижува задниот спојлер за да можете да постигнете максимална брзина.

Ви звучи интересно? Нам многу – но ниту цената не е за занемарување. LEGO Bugatti Chiron чини 350 долари, односно 300 евра!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.