Grabber AT3 на General Tire се „Крал на гумите за сите терени!“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Grabber AT3 на General Tire се „Крал на гумите за сите терени!“

Во тест спроведен во екстремните услови на Јужна Африка, Grabber AT3 пневматиците на General Tire се докажаа како победник меѓу 16 различни конкуренти.

Тестирањето го спроведе јужно-африканскиот магазин SA4x4 – тие земаа дури 16 различни модели на пневматици во димензии 265/65 R17 и ги подложија на екстензивно тестирање. Пневматиците беа поставени на Ford Ranger, и мораа да ги покажат своите таленти на Klipbokkop тест-центарот, кој се наоѓа околу 100 километри источно од Кејп Таун.

Интересно е дека тестирањата покрај на теренски препреки, се правени и на макадам, асфалт и песок. Петте тестови низ кои поминаа сите пневматици беа дизајнирани да го извлечат максимумот, а според новинарите од SA4x4, токму Grabber AT3 на General Tire нуди „совршено избалансирани теренски карактеристики со одлична тракција на сите површини, комбинирани со добро сопирање.“

Grabber AT3 пневматиците се лансирани минатата година, кога беа претставени и на македонскиот пазар, а оваа година имавме прилика и самите да се увериме во нивните можности. Според General Tirе, токму овие пневматици се наменети за мешовито користење како во теренски услови, така и на асфалтирани патишта. Токму со Grabber AT3, General Tire понуди продукт во самата срж на сегментот на 4х4 пневматици – продукт наменет за професионалците кои сакаат доверливи и робустни пневматици кои сакаат да бидат сигурни дека ќе пристигнат онаму каде тргнале.

Резултатот на тестирањето во Јужна Африка е само потврда за квалитетот на General Tire Grabber AT3.

Извор: PR General Tire



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.